
Во село Црник во тек активности за реконструкција на Џамијата, активност која се реализира на иницијатива на Ерол Пилов и Тајфун Нехтепаров кои ја започнаа постапката за реконструкција на Џамискиот кров, кој претходно се наоѓаше во катастрофална состојба.
-По наша самоволна иницијатива ние во Името на Аллах почнавме да ангажираме и да собираме средства. По самото објавување на социјалните мрежи веднаш ни се јави најголемиот спонзор за рекунструкција на Џамискиот кров тоа е Екрем Алиов кој е од Виница, а живее во Швајцарија. Екрем Алиов заедно со Феим Пилов кој исто така
е еден од потикнувачите за нашата џамија тие заедно извршија увид на состојбата на нашиот кров на џамијата. По увидот дека кровот е во многу лоша состојба Екрем Алиов веднаш донираше 3000 евра и ни даде многу голема подршка и мотив за уште посилно да веруваме во нашата зацртана цел, а тоа е во што побрзо време да го реконструираме кровот на Џамијата.
Ние иницијаторите по објавувањето на социјалните мрежи дека се собираат средства
за нашата Џамија ве замоливме сите хумани луѓе верници браќа и сестри муслимани и христијани
да ни помогнете за нашата Џамија да биде во што побрзо време реновиран кровот. Од самиот почеток ве известивме и ви ветивме дека сите собрани средства за џамијата
кои ќе бидат собрани ќе бидат транспарентно потрошени и навремено ќе бидете известени
за секоја сума на хуманитарните средства кои ќе бидат собрани од наша страна на иницијаторите, истакна Пилов.

Во рамки на хуманитарните донации како што додаде обезбедени се вкупно 279 донации.
-Од кои имаме и од неколку Џамии од Македонија, исто така имаме донации од странство од Германија, Италија иселеници
од Кочани и Виница кои живеат во Германија од Швајцарија, Босна и Херцеговина и од Америка.
Вкупната досега собрана сума за нашата Џамија е 1.357.844 денари или поточно 22.150евра.
Имаме донации на два снопа на потцинкована челична лента за громобран, Имаме донација на нови теписи од Џамијата Мехмед Али Пашина од Лабуништа,исто така и донација на 4 нови алеми за кубињата и минарето од страна на Имер Камбери од Тетово.
Како што додава значителни се и донациите од странство:
-Донациите кои ги имаме добиено од Ивердон Швајцарија изнесува 1950 франака и 350 евра,голема благодарност за помошта на Абдулах Усеинов и Сали Камберовски кои ни помогна во собирањето на средствата. Исто така имаме донација од Офенбург Германија и изнесува 1675, голема благодарност до Дениска Демирова за нејзината помош во собирањето на средствата.
Донација од иселениците од Кочани и Виница кои живеат во Аузбург, Германија,луѓе кои донира за нашата џамија, тие луѓе сакаа да останат анонимни. Сумата собрана изнесува 1429 евра. Голема благодарност до Ерџан Дураков што ни помогна во собирањето на средствата.
Донација од Дизељдорф Германија изнесува 2680 евра. Голема благодарност до Несрина Кампелезова која ни помогна во собирањето на средствата. Донација од иселениците од Виница и с. ЦРНИК кои живеат во Италија 2090 евра. Голема благодарност до Еркан Џевиров за неговата помош во собирањето на паричните средства.
Донацијата од џамијата ДУДУ ХАНУМ од Кочани изнесува 14-000 денари, исто така имаме донации од меџлис џамиите од Струга, сумата собрана е 2450 евра. Голема благодарност до Таип Таиров и муфтивството на ИВЗ Струга. Донацијата од Америка е од страна на Неџат Пиловски и изнесува 400 долари. Донација имаме и од БиХ од Џемач Нуќич и изнесува 11-000денари.
Останатите парични средства се собрани од Македонија. Сите кои вложија труд и ни помогна во нашата цел ќе им бидат врачени благодарници на поголемите донатори, додава Пилов во својот отчет.
По завршувањето на започната реконструкцијата на кровот, дополни дека ќе бидат објавени точни информаци за сите потрошени пари, се тоа ќе биде со фактура и фискална сметка.
-Средствата кои ќе останат за располагање ќе бидат пренаменети за внатрешниот дел на Џамијата. Колку средства ќе останат на времено ќе бидете известени јавно. Благодарноста му припаѓа на Возвишениот АЛЛАХ(Господ). Фала му на АЛЛАХ што создал поголем број на хумани луѓе кои ни овозможија во нашата цел и мисија. АЛЛАХ (Господ) да ги награди сите хумани луѓе со здравје, среќа, бериќет и нафака и да ги чува од поголеми потешкотии. Доколку некој мисли дека неговата сума донирана не е во списокот, слободно може да ни бара отчет на нас Иницијаторите во било кое време, истакна на крај во својот отчет Пилов.
Leave a Reply