Петар Богдановски првиот Македонец со Европски јуниорски бронзен медал во боди-билдинг

На Европското првенство кое изминатиот викенд се одржа во Санта Сузана, Шпанија, Македонскиот национален тим го постигна најголемиот успех во историјата на досегашните настапи на Европските првенства. Еден од позначајните успеси е и бронзениот медал на Петар Богдановски, момчето кое првите чекори во боди-билдингот ги направи во делчевската теретана, а кој следејки го својот сон за високи дострели стана првиот Јуниорски натпреварувач кој што успеал да освои бронзен медал што е најдобар пласман досега во историјата на Бодибилдингот во Македонија.

-Убаво е чуството кога ќе оствариш некој цели кој биле толку бледи и нереални пред неколку години. Секоја моја желба и визуализација се оствари бидеќи работев напорно секој ден за тоа неколку години назад. Променив, направив и остварив многу работи оваа година, генерално да напредувам и да се унапредам себеси во секој аспект. Оваа беше моето последно и најважно такмичење за овој дел од пролетната натпреварувачка сезона. Се такмичев 2 месеци без прекин на 4 такмичења по ред со желба да дадам се од себе и да направам озбилни резултати. Тоа и го направив и апсолутно вредеше иако беше тешко напорно и стресно. Благодарам на сите за огромната подршка и што верувавте во мене, благодарам на сите за убавите пораки и честиткте навистина се многу ќе се потрудам да ви одговорам на сите. Благодарам до моите најблиски за подршката и разбирањето кој ми беа од големо значење Благодарам на мојот тренер @tose_zivkov_toti за мотивацијата и подршката кога беше најтешко, благодарам што веруваше во мене и кога ја самиот не верував во себе! Покажавме и докажавме кај ни е местото на Европската сцена!!! Ова беше последно мое такмичеше за пролетната натпреварувачка сезона време е за одмор. Чест и задоволство ми беше што ја преставив Македонија во најдобро светло и направив голем успех освоив Бронзен Медал на моето прво Европско првенство и сум во топ 3 најдобри Јуниори во Европа во голема и силна конкуренција, истакна Богданоски за својот голем успех.

Во продолжение неколку фотографии и видеа од успехот на Богдановски на кого му посакуваме уште повисоки дострели:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*