
Културно-информативниот центар ,,Романса” продолжува со богатата културна понуда во М.Каменица. Како што стои во објавата на КИЦ ,,Романса” следниот четврток на 19 мај 2022 година во Домот на културата во М.Каменица еден од најпознатите поети Трајче Кацаров ке изврши промоција на една од неговите книги “Мечето Мери Ум“ , приказна за најмладите со еколошка порака

Вечерта од 20:00 часот ќе гостува Народниот театар од Штип со театарската претстава „Амбасадор“, по текст на Славомир Мрожек, режирана од Андреј Цветановски, со пет лика и голема техничка екипа.
-Режисерот Цветановски вели дека „Амбасадор“ зборува за дипломатски конфликт помеѓу две неименувани земји, конфликт помеѓу амбасадорот и претставник на Владата. Текстот пишуван за Студената војна, но со можност да се приспособи на кој било конфликт меѓу две земји, е само едно од уникатните парчиња на авторот Мрожек.
Дипломатски конфликт, од комедија во драма и трагедија, автентично за Мрожек, процес на кој се работело нешто повеќе од 40 дена. Како што потенцира актерот Милорад Ангелов, ова е приказна која секако пренесува порака. Според актерот Пеце Ристевски, пак, кој го игра ликот на амбасадорот, станува збор за приказна на верата, се вели во најавата за театарската претстава.
Картите за театарската претстава се пуштени во претпродажба во Домот на културата и истите можат да се набават секој работен ден од 9 до 15 часот.

Leave a Reply