,,Сите сме исти” – награден литературен конкурс на ЈЛБ ,,Илинден” и Црвен крст Делчево

Јавната локална библиотека „Илинден“ – Делчево, во соработка со Општинската организација на Црвен крст распишува награден литературен конкурс на тема “Сите сме исти” во рамки на проектот ПХВ (промоција на хумани вредности), поезија и проза.

Право на учество имаат сите ученици од средното и основните училишта во градот, како и сите жители на општина Делчево.

Творбите со име и презиме и телефон за контакт, да се достават до ЈЛБ „Илинден“ – Делчево, најдоцна до 31 мај 2022 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*