Со низа активности одбележан 8-от роденден на ПСК ,,Голак” Делчево

Планинари од ПСК ,,Голак” денес го одбележаа роденденот на клубот со рднодневен камп и искачување на врвот Бело Брдо на 1198 м.н.в. на планината Влаина, кој се наоѓа во Општина Пехчево, а е дел од областа Пијанец.

-Денес, ПСК ,,Голак” Делчево со неколку членови, како и со неколку младинци од младинската секција на клубот, имавме еднодневен камп како и го одбележавме роденденот на клубот со повеќе содржини. Реализиравме посета на природниот феномент Црнички мелови 900 м. – 1050 м. или стручно Бедленд. Искачен беше врвот Бело Брдо на 1198 м.н.в. Имавме кратко предавање за значењето на Црничките мелови. Кратко предавање од областа на ориентацијата (компас, употреба и користење на компас, ориентација во простор, употреба на ГПС уред како и мобилни уреди,топографска мапа,координати …….сето тоа на отворен простор), движење по планинарски патеки и прослава по повод 8 години од ПСК ГОЛАК Делчево, рече претседателот на клубот Љупчо Чучуковски.

Во рамки на настанот ПСК ,,Голак” додели благодарници за сите кои допринесоа на Клубот во минатата 2021 година.

-Доделивме диплома за најдобар планинар за 2021 година. БЛАГОДАРНИЦА доби ОО ЦРВЕН КРСТ Делчево, кои традиционално ни помагаат во нашите активности, кои и сега ни обезбедија многу вкусен ручек. БЛАГОДАРНИЦА доби општествено одговорната фирма БРЕГАЛ Делчево, која и овојпат ни помогна околу превозот. Голема БЛАГОДАРНОСТ до наставничката МАГДАЛЕНА ЗЛАТКОВСКА која како и претходните години така и оваа година, ни ја направи највкусната ТОРТА.
ПРИЗНАНИЕ за посебни резултати доби нашиот член АНАСТАСИЈА АРАСЛАНОВА од град ПЕШТЕРА (Р.БУГАРИЈА). ПРИЗНАНИЕ за посебни резултати доби нашиот член ТИХОМИР КОСТОВСКИ од град СОФИЈА (Р.БУГАРИЈА). ДИПЛОМА ЗА НАЈДОБАР ПЛАНИНАР оваа година ја добија нашите младински лидери МАГДАЛЕНА и ИСКРА ГЕОРГИЕВСКИ кои покрај тоа што имаа учествувано на планинарски акции се потрудија максимално да организираат еднодневни и повеќедневи МЛАДИНСКИ КАМПОВИ.

Голема благодарност и до ЦРКОВНИОТ ОДБОР на црквата СВ.НИКОЛА од село СТАР ИСТЕВНИК кои ни овозможија да ручаме во дворот на црквата. село кое денес има слава односно СВ.АТАНАСИЈ.

Голема благодарност и до транспортната фирма РОМА ТРАНС од село ВИРЧЕ (Општина ДЕЛЧЕВО).
Еден многу убаво поминат позитивен ден.

Објава на Љупчо Чучуковски, претседател на ПСК ,,Голак” Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*