
Женскиот кошаркарски клуб ,,Патриот” со победа постигната во последното коло во М-16 конкуренција го освои првото место во групата со 23 бодови, со вкупен скор од 11 победи и само 1 пораз.
Со оваа победа делчевчанки обезбедија 1/4 финале, во кое утре (среда, 18 мај 2022) со почеток во 16 часот во салата ,,Методи Митевски – Брицо” во Делчево ќе се сретнат со второпласираната екипа од другата група, екипата на Тетово Булс од Тетово.
Четвртфиналето се игра до 2 победи, а победникот обезбедува пласман во фајнал фор натпреварите.

Leave a Reply