
Излегоа од печат првите две сликовници со детски афоризми од едицијата ,,Во светот на палавите афоризмичиња”. Автор на афоризмите е познатиот македонски сатиричар Миле Ѓорѓијоски.
-Илустрациите и кориците ги работеше Софија Ситновска, ученичка во ОУ ,,Кирил и Методиј” од Македонска Каменица. За претставување на делата закажани се повеќе промоции и изложби на улустрирани афоризми во Виница, М. Каменица и Кочани, рече Ѓорѓијоски.
Познатиот сатиричар во моментот работи и на две нови книги ,,Во светот на палавите афоризмичиња 3 и 4″ кои треба наскоро да излезат од печат.
Првата изложба како што додаде е закажана за утре, 19 мај во Домот на културата ,,Тошо Арсов” во Виница.

Leave a Reply