
Со тактичко- показна вежба за симулација на автомобилска несреќа и извлекување повредено лице од автомобил, како и гасење пожар на запалено возило и презентација на новите возила и опрема, во Делчево одбележан Денот на македонските пожарникари, 20 мај. По дојавата за автомобилска несреќа на една од најфреквентните крстосници во центарот на Делчево, интервенцијата на екипите од ТППЕ Делчево беше брза и ефикасна со што уште еднаш на дело се покажа стручноста и ефикасноста на делчевските пожарникари.
Овие вежби се редовна практика на ТППЕ Делчево и се изведуваат со цел да се види физичката и психичката подготвеност на пожарникарите во услови на вистинска појава на пожар во објектите, при автомобилски несреќи, но и да се провери исправноста на опремата, истакна Миле Тодоровски пожарникар од Делчево.

Градоначалникот Горан Трајковски кој присуствуваше на оваа симулациска вежба изрази задоволство од подготвеноста на пожарникарите за справување со пожарите и на објекти, но и на отворен простор. Честитајќи го празникот на пожарникарите, тој ја додели и традиционалната награда на најдобриот делчевски пожарникар за оваа година, Горан Гоцевски.
-Посебно сум горд што како локална власт, успеавме изминатиот период на стручноста на пожарникарите, да додадеме и дополнителна вредност- нова опрема и нови возила. Нашите ветувања се остварија. Јавноста знае дека по половина век, за прв пат, ТППЕ Делчево минатата година доби ново противпожарно возило, а по пат на донација од наши пријатели од Словенија се набавени уште две противпожарни возила и опрема, рече Трајковски.

Додадедека Општината перманентно инвестира за да ја подобри опременоста на единицата, но и условите за престој на пожарникарите.
-Обезбедивме опрема за лична заштита на пожарникарите и ,она што е посебно важно, ги решававме наталожените проблеми и ги регулиравме платите и додатоците од плата, додаде Трајковски.

Заблагодарувајки се за наградата, најдобриот пожарникар Горан Гоцевски кажа дека како дел од делчевската ротивпожарната единицачествувал во која е вработен 2,5 години, учествувал во најголем дел од интервенциите кои ги имала единицата кало во пожари на отворен простор така и во интервенции на објекти и во извлекување на повредени во сообраќајки.

На денешниот ден за прв пат делчевскиот градоначалник додели и Плакета за општествена одговорност и континуитана соработка и поддршка на ТППЕ Делчево која беше доделена на фирмата „Брегал“.

Еден од сопствениците на Брегал, Драган Сугарев, изрази благодарност и апелираше до сите компании во Делчево да покажуваат хуманост и да си го сакаат својот град, бидејќи граѓаните и Делчево го заслужуваат тоа.

Пожарникарството во Делчево испишува историја од 7– децениско функционирање. Првото доброволно противпожарно друштво е формирано од делчевецот Илија Дамјанов Крстевски во 50-тите години, по што е формирана првата единица на чело со командирот Никола Димитровски.
Leave a Reply