Тренчевска: Малиот групен дом во Берово е успешна приказна за децата без родители

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот Звонко Пекевски и поранешната министерка Јагода Шахпаска денес во Берово посети неколку установи од социјална заштита кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика. Заедно го посетија Домот за стари лица д-р Иван Влашки кој е лиценциран давател на услугата помош и нега во домот, а услугата ја добиваат 69 корисници, од страна на 18 негователи, место каде што во моментот се сместени 37 корисници.

Услугата од негователите како што истакна министерката обезбедува помош при вршење на основни активности од секојдневниот живот, за лицата со намален функционален капацитет кои не можат сами да се грижат за себе, а со цел да продолжат да живеат во сопствениот дом.

-Грижата за ранливите категории на граѓани, вклучително и старите лица е високо на агендата на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика. Преку унапредување на правата и услугите кои произлегуваат од системот на социјална заштита обезбедуваме поголема грижа и задоволување на потребите на највозрасните граѓани во нашата држава, рече Тренчевска.

Со отворање на третата ламела, капацитетот на старскиот дом изминатата година се прошири за 10 легла, а меѓу услугите кои ги нуди се сместување до целосен престој, исхрана, медицинска нега, дневна нега, психо-социјални активности, организирање на културно -забавен живот, обезбедување на други дополнителни услуги кои ги врши домот. 

Во старскиот дом д-р Иван Влашки, како што напоменаа од установата, во тек е и изградба на кујна за подобрување на услугите на самите корисници, а поради големата заинтересираност и реалната потреба на старите лица за згрижување во дом имаме направен е проект за објект – четврта ламела со што би се зголемил капацитетот за уште 28 легла.

Министерката Тренчевска го посети и малиот групен дом во Берово, отворен во 2009 година како организациона единица на Меѓуопштинскиот центар за социјална  работа Берово и во него се сместуваат деца без родители и родителска грижа. Малиот групен дом е прв од таков вид во нашата држава, а во моментов во него се згрижени четири деца , а за нив се грижи тим од 3 стручни лица (едукатори) и две негователки.

-Малиот групен дом во  Берово функционира како куќа на децата со нивните едукатори и негователи, во вид на семејно опкружување, и остварува соодветна квалитетна грижа за децата надвор од нивните биолошки семејства. Крајната цел на работата со децата од Мал групен дом е изградба на општествено корисна личност која ќе биде целосно социјализирана и интегрирана во општествените текови на модерното живеење. Малиот групен дом  во Берово е успешна приказна за децата без родители и родителска грижа, се вели во информацијата по повод денешната посета на министерката Тренчевска.

Посетата на Берово, Тренчевска ја заокружи со средба со вработените во Центарот за социјални работи, при што се запозна со правата и услугите од социјална заштита, и нивната успешна испорака до оние граѓани на кои поддршката им е потребна. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*