Планинарски марш за 146 години Разловечко востание

Денес, ПСК ГОЛАК Делчево по повод 146 години од РАЗЛОВЕЧКОТО ВОСТАНИЕ, реализираше планинарска акција со следната маршута : Ружини Цреши 660 м.н.в. – Тработивишки Кукуље 810 м.н.в. – Брана Лошана 828 м.н.в. – Лошански Рид 870 м.н.в. – Село Разловци 690 м.н.в. во вкупна должина од 11 км.

-На маршот учествуваа наши членови на КЛУБОТ (како и млади од младинската секција на ПСК ГОЛАК Делчево,предводени од МАГДАЛЕНА и ИСКРА ГЕОРГИЕВСКИ) од ДЕЛЧЕВО,ШТИП,ВИНИЦА,ЗРНОВЦИ.
Беше посетен природниот феномен ТРАБОТИВИШКИ КУКУЉЕ (на планината ГОЛАК),брана ЛОШАНА (сместена помеѓу планините ГОЛАК и ОБОЗНА),додека во село РАЗЛОВЦИ беше посетен спомен домот на РАЗЛОВЕЧКОТО ВОСТАНИЕ,каде учесниците се запознаа со востаниетео кренато на 19.05.1876 година,потоа беше посетена црквата ЦАР КОНСТАНТИН И ЦАРИЦА ЕЛЕНА градена во 1850 година,во која краток историјат ни раскажа ПОП МЕТОДИ, информираше претседателот на клубот Љупчо Чучуковски.

Маршот како што додаде беше помогнат од Научна установа Центар за култура – Н.Ј.ВАПЦАРОВ од ДЕЛЧЕВО како и Општина ДЕЛЧЕВО,бидејќи е во склоп на манифестацијата 146 години од РАЗЛОВЕЧКОТО ВОСТАНИЕ.

За планинарите денешниот ден бил еден многу убаво поминат позитивен ден со многу позитивни луѓе,со многу зеленило,сонце и вода (Општина ДЕЛЧЕВО – Област ПИЈАНЕЦ (ДЕЛЧЕВСКА).

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*