Делчевската библиотека ги награди најдобрите 10 матуранти

Традиционално и годинава, ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, подари книги стручна литература на 10 –те најдобри матуранти од СОУ „М.М.Брицо“. Директорката на библиотеката Биљана Петровска изрази надеж дека книгите ќе им помогнат низ студенските години.

-Она што навистина го посакуваме е да не заборават од каде потекнуваат, тука да си се вратат дома и како академски граѓани, паметни, амбициозни и талентирани да допринесат за развојот во својот роден крај, рече Петровска.

На сите најдобри, но и на сите матуранти, ЈЛБ „Илинден“ им ја честиташе матурата посакувајки им многу успеси.

Матуранти, среќно, беше пораката од ЈЛБ ,,Илинден” по повод денешниот настан.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*