Делчево го чествува денот на своите патрони ,,Св. Кирил и Методиј”

Делчево го чествува 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, Кирил и Методиј, кои се патрони на градот Делчево. По тој повод во соборниот храм кој го носи името на светите браќа, се одржаа црковни свечености, по што следуваше света литија од црквата „Св.Кирил и Методиј“ до параклисот посветен на „Св.Климент Охридски“ во дворот на гимназијата „Методи Митевски – Брицо“. 

Светите имиња на светите браќа Кирил и Методи како што истакна протоереј Атанас Поповски, се вградија во темелите на историјата на македонскиот народ и неговата црква, а нивното бесмртно дело ја осветлува историјата и на сите словенски народи, како вистински патеводители и основоположници на народната просвета и култура.

-Светите браќа Кирил и Методиј се слава и гордост на сите словенски народи, бидејки од нив добија писмо и евангелска радост во Господа. Уште поголема е радоста кога овие денови кога ги славиме, после 55 години ќе бидеме признаени и како црква во сослужение со сите православни цркви во Светата рамноапостолна црква, како молитвеници во Бога, рече Поповски. 

Мисијата на светите браќа Кирил и Методиј е суштинска и важна, а за нејзината големина, говори фактот што тие денес се патрони на Европа, дополни Даниела Такева од Општина Делчево која честитајки им го празникот на граѓаните, додаде дека општината и оваа година скромно, но достоинствено организира низа настани, со цел традицијата да продолжи и понатаму.

-Ова е признание дадено од Ватикан со цел да се потенцира нивното значење за обединување на европските народи. Затоа ние со гордост кажуваме дека тие се патрони и на нашиот град. Во нивна чест секогаш гордо и достоинствено организираме низа настани, со цел ние да ја искажеме нашата почит како делчевци за нивното делоз мисија и нивната улога во сесловенското значење на словенските народи, рече Такева. 

Одбележувањето на патроните на градот „Св.Кирил и Методиј“ започна вчера со видео перформанс и изложба, а продолжува в четврток со концерт на „Дуо Скупи“ во киносалата во Делчево. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*