
Општина Берово му оддаде почит на капетан Зоран Бубевски, бранител од воениот конфликт во 2001 година. По повод одбележувањето на 21 годишнината од неговата смрт, пред спомен обележјето на Бубевски и четворицата загинати бранители, делегација на Општината, заедно со претставници од Батаљонот за врски Скопје, семејството на Бубевски и претставници од Здружението на воени инвалиди положија свежо цвеќе.
-Оддадовме почит, ја споделивме тагата и уште еднаш си ветивме дека неговата жртва и дело, никогаш нема да биде заборавено, засекогаш ќе го памтиме како херој, кој го даде животот, за нешто поголемо од себе, истакнаа од Општина Берово.
Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски додаде дека Бубевски со неговото дело се вброи меѓу останатите херои кои го дадоа животот за посветла иднина.
-Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски, пред 21 година, застанаа во редот со Дедо Иљо Малешевски, Димитар Поп- Георгиев Беровски, Никола Петров Русински, Леонид Пецовски, Ацо Русковски и многу други херои, кои се вградија во континуитет на изградбата на независна македонска држава и го чуваат вечниот оган кој ние Беровчани, нивните сограѓани, нема да дозволиме да избледи, рече Пекевски.
Зоран Бубевски е роден на 10 јуни 1968 година во Берово, каде што го поминува своето детство. Основно образование завршил во Берово . Неговата војничка кариера ја започнува во ЈНА на воената гимназија во Белград, а потоа и на воена академија во Рајловац и Бања Лука. Дипломирал 1991 година. Во текот на својата кратка војничка кариера има извршувано повеќе должности: Командир на 1 стрелачки вод, во 2 пешадиска чета во гарнизонот ,,Кичево” , Командир на 3 вод во 2 наставна чета во гарнизонот ,,Кичево”, Командир на 2 стрелачлки вод, 3 пешадиска чета во 13 пешадиска бригада гарнизон ,,Кичево”, помошник на командирот за обука во 4 грб во гарнизонот ,,Куманово”. На 31 мај во конфликтот 2001 година, загинува од нагазна мина, на патот кон времената караула „Биљак“ кај Блаце. Во знак на сеќавање на херојството, минатата година четворицата беровски бранители добија спомен обележје
Leave a Reply