,,Палавите афоризмичиња” на Миле Ѓорѓијоски промовирани пред учениците во с.Црник

По промоцијата во Пехчево, матичната библиотека “Кочо Рацин” во соработка со ООУ ,,Ванчо Китанов”, во подрачното училиште во село Црник организираа втора промоција на книгата “Палави афоризмичиња” од македонскиот афористичар Миле Ѓорѓијоски.

-Целта беше едукација на учениците и запознавање со поимот афоризам. Авторот им го долови суштинското значење на зборот, а тоа им овозможи на учениците сами да создадат афоризми и преку цртежи да ги презентираат, заблагодарувајки се на наставниците, истакнаа од МБ ,,Кочо Рацин”, додавајки дека целта била постигната и учениците и авторот биле задоволни.

Во рамки на настанот како што стои во објавата на ОУ ,,Ванчо Китанов” учениците сами работеле на составување афоризми и истите ги илустрирале.

-Сè на сè, многу смеа, забава и читање за одлична атмосфера која ја збогатија цртежите на учениците од VII, VIII и IX одделение. Ги издвојуваме цртежите на Едита Кантурова, ученичка во VIII одделение и Елиса Асанова, ученичка во IX одделение, кои ќе добијат можност да работат на илустрациите и кориците на сликовниците со детски афоризми на авторот Миле Ѓорѓијоски и да го покажат својот талент на пошироката јавност.

„Го изгубив свидителството. Го молам чесниот наоѓач да не им го дава на мама и тато.“ 😁

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*