Се одржа ,,Отворен ден” во Средното општинско училиште ,,Миле Јаневски – Џингар” во М.Каменица

Денес, 27 мај 2022 година (петок) во Средното општинско училиште ,,Миле Јаневски – Џингар се одржа отворен ден за сите ученици од деветто одделение и нивните родители.

Како што истакна директорката Данче Донева Гоцевска во рамки на настанот учениците и професори ги претставиле следните струки:

Текстил, кожа и слични производи со профилот: Техничар за дизајн на облека

Геологија, рударство и металургија со профилот: Геолошко-рударски техничар

Машинска струка со профилот: Машински техничар, дуална паралелка

Исто така и гимназиските паралелки од:
Општествено-хуманистичко подрачје
Природно-математико подрачје и
Јазично-уметничко подрачје

Како новина во нашето училиште од оваа учебна година 2022/2023 од страна на Општина М.Каменица е обезбеден еднократен паричен додаток во износ од 20 000 денари за секој запишан ученик во гиманзиско образование, техничар за дизајн на облека и геолошко-рударски техничар, рече Донева Гоцевска.

Машинската струка како дуална паралелка со склучен меморандум за соработка со рудник САСА како што додаде директорката се стипендира од страна на МОН во износ од 3500 денари за секој ученик.

-Упатуваме голема благодарност до Градоначалникот на Општина М.Каменица за обезбедената парична поддршка се со цел да биде зголемен бојот на запишани ученици. Исто така голема благодарност и до Рудник САСА за досегашната соработка и целокупната поддршка за нашето училиште, додаде директорката на каменичкото Средно училиште.

Отворениот ден воедно беше и ден за дружење, за подобро запознавање, низ разни забавни и креативни активности.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*