
Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на детето во Македонска Каменица се одржа промоција на илустрирани детски сликовници ,,Во светот на палавите афоризмичиња”.
Главната улога во рамки на денешната промоција како што истакна Гоце Стојановски, директор на Културно-информативниот центар ,,Романса” која го организираше настанот, ја имаа токму децата, кои како што додаде претходно присуствуваа на изложба на илустрирани афоризми од својата соученичка Софија Ситновска.
-Целта беше младите на Меѓународниот ден на детето да се запознаат со поимот афоризам. ,,Во светот на палавите афоризмичиња” е плод на заедничката соработка на афористичарот Миле Ѓорѓијоски и младата Софија Ситновска кои во рамки на настанот одлично ја етаблираа младата популација, рече Стојановски.

Во продолжение на настанот беше промовирана и книгата ,, На иста адреса” од Миле Ѓорѓијоски и Христина Деолска.

-,,На иста адреса” е комбинација на афоризми и поезија во кој меѓусебно се преплетуваат сатирата и поетскиот збор, докажувајки на најдобар начин дека уметноста нема граници, покажувајки дека поезијата и сатирата можат заеднички да пулсираат, додадоа авторите Ѓорѓијоски и Деолска.
Културните настани како што додадоа од КИЦ ,,Романса” продолжуваат утре со филмскиот фестивал за деца ,,Џифони патува”.
ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА ,,НА ИСТА АДРЕСА”: https://fb.watch/dnw2NsXebH/
ПРОМОЦИЈА НА ПАЛАВИ АФОРИЗМИЧИЊА: https://fb.watch/dnvYbxG4ud/
Изјавите на Стојановски, Деолска и Ѓорѓијоски во продолжение:
Leave a Reply