Видео: Еколошкото друштво ,,Здравец 2002″ успешно имплементира проект од Interreg програмата CAFLOCOM

Еколошкото друштво ,,Здравец 2002″ кое годинава одбележува 20 години од своето работење привршува со активностите со кои учествува во реализацијата на прекуграничниот проект Градење капацитети за одржливо користење на екосистемските услуги од страна на локалните заедници во планинските региони (САFLOCOM).

Проектот е финансиран од Прекуграничната програма за соработка Interreg – IPA CBC 2014-2020 пomeѓу р Бугарија и Р.С. Македонија, број на договор. РД-02-29 68/05.03.2021

-Главна цел на проектот е зајакнување на соработката меѓу двете држави за подигнување на свеста на локалните заедници за животната средина заштита и одржливо користење на природните ресурси. Втората цел е да се постигне подобрен и синхронизиран капацитет во разбирање и рационално управување со планинските екосистеми, нивните ресурси и услуги, истакна Миран Митревски, претседател на Еколошкото друштво ,,Здравец 2002″.

Период на спроведување на проектот е 05.03.2021-05.06 2022, а водечки партнер Локалната агенција за економски развој Разлог, Бугарија додека како втое партнер се јавува Институтот за шумарство, како и Бугарската Академија на науки и уметности.

Целни групи на проектот се локалните заедници од прекуграничниот регион, научници претставници на еколошки и младински невладини организации јавни институции одговорни за управување со природата, шумски стопанства, училишта, универзитети и други заинтересирани страни од двете земји.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*