
Манастирско – туристичкиот комплекс “Еленец” во село Цера, Македонска Каменица на 05. Јуни 2022 година, ќе биде домаќин на уште едно издание на традиционалната манифестација “Бабина Баница”.
Бабина Баница е најмасовна манифестација која се одржува на подрачјето на општина Македонска Каменица и регионот. Традиционално, покрај натпреварите во приготвување на специјалитетот Бабина баница, настанот превидува културно забавна програма со локален бенд.
Годинава се одржува 9-то издание на Бабина Баница. Изминатите две години настанот не беше одржан поради мерките за заштита од зараза со Ковид 19.
Настанот е во организација на општина Македонска Каменица, КИЦ Романса и Здружението на пензионери од нашиот град.
Повелете, Ве очекуваме, се вели во поканата на организаторите:
Leave a Reply