Финишираше проектот за одржливо користење на екосистемските услуги во планинските регионк

Во рамките на проектот „Градење капацитети за одржливо користење на екосистемските услуги од страна на локалните заедници во планинските региони (CAPLOCOM)“ финансиран од: Преку граничната програма за соработка: Interreg – IPA CBC 2014-2020, помеѓу Р. Бугарија и Р.С. Македонија, број на договор: RD-02-29-68/05.03.2021

Водечки партнер: Локална агенција за економски развој, Разлог

Партнери: Еколошко друштво Здравец 2002, Македонска Каменица и Институт за шумарство, Бугарска Академија на науки и уметности, Софија

Изработени се следните публикации:

  1. Насоки за имплементација на најдобри практики за управување на регионално ниво
  2. Една заедничка „Долгорочна стратегија за унапредување и интегрирање на екосистемскиот концепт во управувањето со Осоговските планини“.
  3. Анализа на влијанието на климата и промената на користењето на земјиштето врз услугите и ресурсите од планинските екосистеми во прекуграничната област Република Бугарија – Република Македонија
  4. Водич за спроведување најдобри практики за одржливо управување со планинските подрачја во прекуграничниот регион

Сите публикации се јавно достапни за преземање од веб страницата на еколошкото друштво Здравец 2002: www.zdravec2002.org.mk

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*