,,БРЕГАЛ” донираше опрема за потребите на Итната медицинска помош во Делчево

Една од најголемите општествено-одговорни компании од Делчево, фирмата ,,БРЕГАЛ” не застанува со поддршката за локалната заедница. Денес вработени во оваа компанија ја доставија претходно обезбедената опрема која ја донира за потребите на Итната медицинска помош во Делчево.

Секоја чест за компанијата БРЕГАЛ која особено во 2022 година покажа како е да се биде општествено-одговорен реализирајки голем број на акции од полза за локалната заедница.

Во продолжение неколку фотографии од денешниот чин на доделување на опрема од страна на БРЕГАЛ на Итната медицинска помош во Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*