Во деветолетката ,,Ванчо Прке” успешно реализирана тактичко-показна вежба за евакуација при земјотрес и пожар

Во Делчево реализирана показна вежба, со цел проверка на подготвеноста во случај на елементарна непогода во воспитно-образовната установа ,,Ванчо Прке”.

Во рамки на активноста како што информираше координаторот Ванчо Атанасовски беше извршена симулација на евакуација во случај на земјотрес и пожар.

-Согласно годишната програма за работа на нашето училиште секоја година се реализираат вакви симулациски вежби. Оваа година имавме симулација на пожар во случај по земјотрес, со евакуација на сите вработени во училиштето. Сакам да изразам благодарност до сите учесници, до Територијалната противпожарна единица од Делчево, Полициската станица, Итната медицинска помош, Центарот за управување со кризи и Центарот за известување и тревожење, рече Атанасовски.

Тактичко-показната вежба се изведе во текот наставниот процес, а во истата учествуваа и волонтери од Црвен крст Делчево.

-Волонтерите изведоа неколку показни вежби за санирање на повредените, потенцирајки и укажувајки им на вработените како треба да се постапи во случај на елементарна непогода од сличен или друг карактер, додадоа од ООУ ,,Ванчо Прке”.

По дојавата за пожар настанат како последица од земјотрес, во делчевската деветолетка, ТППЕ Делчево реагираше со 8 пожарникари со три противпожарни возила, командно и две навални возила и со потполна лична заштитна опрема при што беше изгаснат пожарот на дел од училиштето, беа евакуирани учениците и персоналот, а беше извлечен и заробен ученик во објектот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*