ВИДЕО: Концерт на учениците на проф. м-р Елена Трајанова по повод Денот на културата во Делчево

Вечерва концерт по повод Денот на културата во киносалата во Делчево одржаа учениците на проф. м-р Елена Трајанова. Таа изрази задоволство што и после 6 месеци од последниот настап, публиката повторно со голем интерес го проследи настанот.

-Работиме со околу 20 ученици од кои вечерва неколку беа оправдано отсутни. Се претставивме со вокално-инструментална интерпретација како и неколку евергрини. Најавувам нова средба со публиката за 6 месеци за Божиќниот концерт, рече Трајанова.

Самиот факт што за неколку дена публиката ја полни киносалата за различни настани, според директорот на Центарот за култура, Методи Толевски значи дека публиката се враќа во салите.

-Како установа секогаш ќе ги поддржуваме самостојните уметници кои и овој пат ја наполнија салата. Приликата ја користам да најавам дека многу скоро ќе имаме нов концерт, на друг тип на музика, тоа се професионалци кои работат во Македонската филхармонија, додаде Толевски.

Тој воедно за утре (09.06.22) најави неколку настани кои во организација на Центарот за култура ќе се одржат во текот на утрешниот ден.

Во продолжение изјавите на Трајанова и Толевски како и целиот концерт кој вечерва се одржа во киносалата во Делчево:

Изјави: https://fb.watch/dwN-rts7TT/

Концерт:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*