Проектна иницијатива за чистење на коритото на река Писа во Пехчево

Општина Пехчево во соработка со ЛАГ Малеш-Пијанец, БИ ГРУП 18 ДООЕЛ, ЈКП „Комуналец“ – Пехчево, Црквата Св. Петар и Павле, како и во соработка со НВО секторот, Организација на жени во Пехчево, Здружението за лековити билки и шумски плодови „Амброзија“ и Здружението Едукативен центар за зачувување на природата, село Негрево Пехчево, заеднички отпочна со реализација на активностите од проектната иницијатива „Чистење на речното корито на реката „Писа“. Проектната иницијатива е поддржана од проектот „Програма за развој на заедницата“, финансиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој – УСАИД, а имплементиран од страна на Мрежата за рурален развој на Северна Македонија.

Соработката помеѓу сите горенаведени страни има за цел подобрување на состојбата на животната средина ( чистење на речното корито на реката Писа ) преку иницирање на соработка и активизам на жителите на општина Пехчево, кое од друга страна ќе овозможи подобри услови за живот на локалното население.

Заедничките активности ќе се состојат од: чистење на речното корито, депонирање на отстранетиот нанос и органски отпад на соодветно место, акција за чистење на речното корито од комунален цврст отпад и санација на кејот и поставување на урбана опрема.

Оваа заедничка акција помеѓу бизнис заедницата, населението, граѓанските организации и локалните власти ќе преставува темел за понатамошна соработка, која ќе се развива врз основа на меѓусебно разбирање, доверба и координација, за да се обезбеди што поквалитетна услуга на сите засегнати страни од областа на развој на заедницата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*