Продолжува уредувањето на Јавната локална библиотека ,,Илинден”

Покрај набавката на нови наслови и на се што е ново и барано од издавачките куќи, како еден од начините да се привлечат нови читатели и да се задржат старите, ЈЛБ„Илинден“, континуирано се труди да го промени или разубави просторот на самата библиотека, како надворешно, така и внатрешно, информираше директорката Биљана Петровска.

-Минатиот месец испечативме слики од наши автори, преродбеници, учебникари, современи македонски автори со мал цитат од нив кој треба и мора да се зачуваат од заборавот и од сегашноста. Денес истите тие слики добија рамки и ќе ги красат ѕидовите на самата зграда каде е сместена библиотеката, почнувајќи од влезот па се до самиот влез на библиотеката.

Со самото влегување во библиотеката , нашите читатели ќе ги пречекаат и кон влезот ќе ги водат портретите на Блаже Коневски, Браќа Миладинови,Марко Цепенков,Венко Андоновски, Војдан Чернодрински, Григор Прличев, Горан Стефановски,Кочо Рацин, Кузман Шапкарев, Матеја Матевски, Никола Јонков Вапцаров,Радован Павловски, Рајко Жинзифов, Цане Андреевски, рече Петровска и додаде:

ЈЛБ„Илинден“ и понатаму ќе се труди да биде и богата со наслови, но и убава, креативна, средена, чиста. Цело е кога има се, нели?

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*