
Во организација на Јавната локална библиотека „Илинден“, во Делчево промовирана книгата „Мојот живот минато мило“ од авторот Ванчо Тркалевски. Книгата содржи мемоари од животот на Јован Гаврил Величковски, активен учесник во НОВ по потекло од беровското село Митрашинци.
-Јован Гаврил Величковски е навидум непознато име за историјата на македонскиот народ, но големо е неговото дело и придонес во создавањето на истата. Навистина ни беше чест и задоволство што тој денес беше тука со нас беше и главниот лик во книгата, кој покрај тоа што доживеал и преживеал многу нешта во неговиот живот, еве, ја дочека и промоцијата на книгата која преку делото на неговиот внук зборува за него и за неговиот живот, истакна Биљана Петровска, директор на делчевската библиотека.

Авторот Ванчо Тркалевски во книгата го собира целиот живот на неговиот дедо, додавајки дека книгата е сведоштво за народот во Македонија и неговиот јазик.
-Уште како дете, не по своја волја, дедо Јован е земен од дома да служи во туѓа војска. Одведен е далеку од дома и ставен во ситуација да се бори против својот народ. Бега од бугарската војска, поминува низ голгота со својот живот во војната, рануван изложуван на опасности, но сепак гордо и цврсто продолжувал напред во ослободувањето на Македонија.

На промоцијата, извадоци од книгата, пред присутните прочитаа Искра Георгиевска, Сара Ангелова и Антонела Николовска.Книгата веќе е на полиците на библиотеката и достапна до читателите од Делчево.
Leave a Reply