Блиц интервју со Даниел Манов, графитчија по потекло од делчевски Ѕвегор

Даниел Манов е уметник (графитчија) од Делчево кој моментално живее во Швајцарија, но по многу нешта е врзан со Делчево и родниот Ѕвегор. Како вљубеник во овој вид уметност, Даниел во моментот е активен со изработка на графити на детската установа ,,Весели цветови”, а работи и на повеќе локации доброволно во договор со граѓани, институции и слично. Претежно работи на поголем простор, но неретко црта и на карпи и на сите оние места кои ќе му ,,фатат” око, меѓу нив и автомобили и други предмети.

За време на изработката на графити на Детската градинка како што може да се забележи на фотографиите цело време е опкружен од дечиња, што за него било посебно задоволство.

Манов: Работата во градинката траеше 2 дена, црпам инспирација од местото каде се наоѓаме, од опкружувањето, од дневно-политичката ситуација, некогаш тоа е иронија на општественото живеење, со инспирацијата знам и да претерам за луѓето. Оти всушност графиката е преку цртеж да раскажеш многу. Во градинката се разбира цртежите се со мотиви кои одговараат на опкружувањето.

Манов ни раскажа и за инспирацијата која ја добил да црта графити на ѕидовите покрај Меѓународниот пат во Ѕвегор, каде поминуваат многу автомобили.

Манов: Во село Ѕвегор е симптоматично што многу брзо се вози. За таа појава да се намали, почнав со еден цртеж покрај патот кој го привлекуваше вниманието на возачите. Забележав дека тоа има ефект и нацртав уште 10 такви и сега во голема мера намалена брзината.

ГРАФИТ ПОКРАЈ ПАТОТ ВО ЅВЕГОР

Графитчијата од Ѕвегор вели дека цел живот се занимава со цртање, но последните 5 години е особено активен. Иако повеќето мислат дека тоа е дарба, што според него е вистина, сепак вели дека дека е потребно и многу работа.

Манов: Графитите од илегална работа, се повеќе стануваат легална работа и бизнис. Ако порано имаше забрана за цртање во некои земји, сега се заработува од тоа, особено во Швајцарија каде за одредена квадратура се заработува солидна сума. Во Македонија засега работата ја работам, доброволно, доволно е само да има ѕид и добра воља од заинтересираните.

Делчево365: За добар графит потребно е сигурно и добар спреј. Од каде се снабдувате со материјали?

Манов: Материјалите ги набавувам претежно од Швајцарија, а кога сум во Македонија најголем дел од Скопје. Сите знаеме дека за графитите е потребно спреј кој најчесто се користи, се разбира тоа се квалитетни марки кои придонесуваат за квалитетен цртеж. Искуства споделувам со хром кој е познат графитчија во Македонија.

Делчево365: Често си на релација Швајцарија – Македонија, како да стапат во контакт со тебе заинтересираните, бидејки рековте дека сте отворени за соработка.

Манов: Живееме во време на интернет и социјални мрежи, па така достапен сум на Инстаграм на следниот линк https://instagram.com/__gospot?igshid=YmMyMTA2M2Y= . Секако луѓето можат и лично да ме побараат, за се може да се договориме, ќе повторам работам доброволно, потребно е само сопственикот да одбере простор и да се договориме околу тоа што треба да се претстави преку цртежот на тоа место.

Во продолжение Ви претставуваме дел од уметноста на Манов:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*