Завршна манифестација по повод крајот на учебната година во ООУ “Ванчо Прке” Делчево

На завршна манифестација, деветолетката ,,Ванчо Прке” ќе ја додели наградата на првенецот на генерацијата за учебната 2021/22 година. Од училиштето во својата објава на фејсбук ги поканија сите родители, сограѓани и ученици да го проследат настанот кој ќе.се одржи во

Почитувани родители, наши сограѓани , драги наши ученици. Завршната манифестација за крајот на оваа учебна 2021-2022 година ќе биде одржана утре на, 21 .06. 2022 година(вторник) со почеток во 20 :00 часот, во нашето училиште во нашата Свечена сала за приредби.

На нашите ученици од деветто одделение ќе им бидат доделени пофалници и благодарници и свечено ќе биде доделена наградата на нашата ученичка ВАЊА ЃЕОРГИЕВСКА ~ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА .

Културно-забавната програма ја организираа ученици од V (петто) одделение со нивните одделенски раководители.

Повелете , ќе ни бидете добредојдени , за да ја споделиме радоста за крајот на оваа учебна година, се вели во објавата на ООУ ,,Ванчо Прке”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*