
Проекција на филмот “Битката за Севастопол”
Ден: Сабота
Час: 18:00
Дата: 25.06.2022г
Место: Кино сала – Делчево
Влез: Бесплатен
По период на тешки страдања, огромен број на човечки жртви и денови на заробеништво кои со себе ги понесе Втората Светска Војна, месецот мај значеше светла точка и пресвртница. Пресвртница која светот ја почувствува во 1945-та година, со потпишување на капитулација на нацистичка Германија и официјален крај на грозоморните настани и на самата Втора Светска Војна.
📺 Со цел свечено одбележување на победата над фашизмот, ЛО Левица Делчево заедно со Левичарскиот институт Рацин ќе одржи проекција на филмот “Битка за Севастопол” во Делчево; украинско-руски игран филм, во режија на Сергеј Мокрицки, снимен во 2015 година.
Во него се раскажува судбината на легендарната жена снајперист од 25-тата дивизија на Црвената армија, Поручник Људмила Павличенко, која е херој на Советскиот Сојуз како најефикасната снајперистка во Големата патриотска војна и нејзиното учество во одбраната на Севастопол.
Проекцијата ќе се одржи во Кино салата во Делчево, на ден 25.06.2022 година, од 18:00 часот.
Ве покануваме на проекцијата на филмот и заедно да се потсетиме на вредностите кои нашите предци ни ги оставија борејќи се во НОБ.
ВЛЕЗ: Бесплатен
Leave a Reply