Стручни лица го ,,скенираа” отворот кај пехчевски Раковец!

Од Општина Пехчево денес излегоа со информација околу ,,отворот” кој неодамна се појави кај месноста Раковец:

Почитувани, денес стручни лица од рударско – геолошки факултет и Градначалникот со засегнатите служби од Општина Пехчево излегоа на терен за кратко истражување на ново отвореното рударско окно на месноста “Раковец”, кое потекнува од XIII век за времето на движењето на сасите низ Македонија.

Во иднина ќе следува детално истражување и целосно документирање на објектот за да може да се стави во функцијана на туристичко-едукативна понуда како и за поголема промоција на Пехчево.

Ве молиме за внимателно движење на локацијата, се вели во соопштението од Општина Пехчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*