Делегација од Општина Берово во посета на Словенија

Делегација на Општина Берово, деновиве се наоѓа во официјална посета на Република Словенија во чии рамки градоначалникот Звонко Пекевски заедно со претставници на неколку инститции остварија средба со македонскиот амбасадор во Словенија, Сузана Зеленковска.

На средбата како што информираа од Општината биле разменети мислења и искуства за идната можна соработка со општини од Република Словенија, во делот на туризмот, заштитата на животна средина, комунални услуги и противпожарна заштита, информираа од Општина Берово.

-Во рамките на посетата, делегацијата го посети гробот на Жан Кофол, прерано загинатиот пожарникар, кој пред загинување, оствари доброволна мисија во малешевскиот регион. На семејството на Кофол, градоначалникот Звонко Пекевски му подари фотографија, направена од уметничката Арбнора Мемети, за време на пожарите во 2021 година, информираа од Општината.

Во рамки на посетата на Словенија градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски остварил средба со  градоначалникот на Нова Горица, Клемен Миклавиќ, на која заедно со амбасадорката Зеленковска, директорот на комуналното претпријатие ,,Услуга”, Илија Рунтевски и Командирот на противпожарната единица, Сашко Руменовски е разговарано за продлабочување на соработката помеѓу двете општини, особено во делот на противпожарна заштита, заштита на животна средина и подобрување на комуналните услуги.

-На средбата упатив благодарност за поддршката од страна на доброволните противпожарни  друштва од Нова Горица, кои излегоа во пресрет и завршија исклучително важна задача, во гаснењето на пожарите, кои избувнаа минатата година во Малешевијата и во спречување на поголема катастрофа. Изразив надеж за продлабочување  на соработката и успешна реализација на заеднички проекти на двете општини, истакна Пекевски. 

Соработката со Нова Горица, како што додаде уште повеќе е продлабочена со именувањето на улица во Берово, по прерано загинатиот пожарникар, Жан Кофол.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*