
Во Македонска Каменица на 5 јули 2022 година ќе се одржи изложба на слики од Драган Кузмановски. Настанот како што информираа од КИЦ ,,Романса” ќе се одржи во фоајето на Домот на Културата со почеток во 12 часот.
-Јулските активности ги за почнуваме со изложба на слики од Драган Кузмановски од Скопје.
Драган Кузмановски роден е 1956 год.во с.Латово,општина Македонски Брод,живее во скопје.Основно и Средно образование-гимназија ги завршува во Кичево,а студира сообраќај на Универзитетот “СВ:Климент Охридски”Битола.
Со Сликарство се занимава скоро 20 години.
Делата се работени во маслена и акрилна техника на платно и се наоѓаат во бројни колекции во Р.Македонија,САД и Канада.Неговите мотиви се инспирирани од непосредни доживувања и живописни крајолици на Р.Македонија со особен акцент на руралната архитектура која побудува реминисценција на едно дамно минато време кое оставило трага во елементите на старата македонска и албанска архитектура, истакнаа од КИЦ ,,Романса”.

Следниот ден, 6 јули 2022 ќе се прикаже анимираниот детски филм ,,Момчето Фантом”.
-МОМЧЕТО ФАНТОМ (Phantom Boy)
Нов детски анимиран филм ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ
Продолжуваме со активностите во Јули со нова кинопроекција на детскиот анимиран филм Момчето фантом.
СРЕДА 06.07.2022 ГОДИНА
ПОЧЕТОК:19 ЧАСОТ
ВЛЕЗ:50 ДЕНАРИ
Кратка содржина: Лео, 11-годишно момче од Њуjорк, може да стане невидлив и да поминува низ ѕидови. Се спријателува со Алекс, полицаец, кој е привремено во инвалидска количка. Принудени се да внимаваат на Мари, своеглава новинарка, која тргнува во потрага по злосторникот, а во која Алекс е тајно вљубен…, се вели во најавата за филмот.
Leave a Reply