Општински стипендии за првенците на генерацијата во Делчево

Во Делчево доделени решенијата за општински стипендии на првенците на генерацијата 2021/2022 година од трите образовни институции во Делчево. Стипендиите ги додели делчевскиот градоначалник Горан Трајковски, а со стипендии се стекнаа најдобрите ученици од двете општински основни училишта „Ванчо Прке“ и  делчевската гимназија.

-Со општинска стипендија се стекнаа Матеја Златкова од СОУ „Методи Митевски Брицо“, Вања Ѓеорѓиевска од ООУ „Ванчо Прке“, и Марија Салтировска од ООУ „Св.Климент Охридски“  Првенците на генерацијата од основните училишта ќе добиваат по 2.000 денари, а првенецот на генерацијата од СОУ „М.М.Брицо“ по 3.000 денари за период од 9 месеци за учебната 2022/2023 година, информираа од Општина Делчево.

Оттаму додадоа дека Општина Делчево во континуитет доделува стипендии на талентирани ученици со цел да го награди нивниот успех, но и да ги мотивира учениците да постигнуваат подобри успеси на полето на образованието и знаењето.  

-За изминатата учебна година, Општина Делчево додели и 19 стипендии на одлични ученици и студенти, од кои 18 стипендии се за средношколци кои аплицирале на Конкурсот во две категории, а една е студентска стипендија.  Исто така,  се доделува и наградно патување на 10-те најдобри матуранти од Средното општинско училиште „М.М.Брицо“, како и доделува и еднократен надоместок во висина од 3.000 ден на сите првачиња кои се запишани во делчевските основни училишта, додадоа од Општина Делчево.

Минатата година по овие основи, вклучувајки и три награди за најдобри ученици роми, од Буџетот на Општина Делчево се исплатени над 900 илјади денари.

Во продолжение изјавите на првенците на генерацијата и Советникот за образование Ванчо Новоселски:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*