
Искачен врвот Занога висок 1577 метри на планината Влаина. Планинарската акција ја изведоа членови на ПСК ,,Голак” -Делчево.
-Направивме една планинарска акција за искачување на врв ЗАНОГА 1577 м.н.в. на планината Влаина, во атарот на село Панчарево (Општина Пехчево – Област Пијанец (Делчевска). Патеката беше кружна со следната маршута : Село Панчарево (Маала Сувата Река) 796 м.н.в. – Џамиите 908 м.н.в. – Асанов Дол 950 м.н.в. – Орлови Чуки 1150 м.н.в. – Врв ЗАНОГА 1577 м.н.в.(граничен камен 57 помеѓу Р.С.Македонија и Р.Бугарија) – Кота 1423 м.н.в. – Гуштерица 950 м.н.в. – Грчки Чукар 980 м.н.в. – Костеница 973 м.н.в. – Село Панчарево (Маала Сувата Река) 796 м.н.в, информираше Љупчо Чучуковски, претседател на клубот.
Вкупната должина на кружната патека била во должина од 15.5 км.
-Една многу интересна и убава планинарска патека во апсолутна голема борова шума,но сепак многу малку позната за планинарите не само во државата туку и во нашиот Брегалнички регион. За нас како ПСК ГОЛАК Делчево,е важна оваа патека од 2 причини :
1.За време на втората светска војна овде на оваа патека имало големи воени борби помеѓу грчката и бугарската Армија.
2.Врвот ,,Занога” 1577 м.н.в. се наоѓа во нашата област Пијанец (Делчевска).
Еден многу убаво поминат сончев и топол ден со навистина максимално позитивни планинари, додаде Чучуковски.

Leave a Reply