
Нечовечност, моронизам,простотија….или се во едно. Не треба во скриена форма, да, не треба, туку онака искрено и директно, затоа што ниту еден збор не го опишува тој или тие што ги извадиле четирите зимзелени дрвца кои ЈЛБ„Илинден“ ги засади по повод 10 -ти јуни, денот на културата.
На кого му пречеа овие дрвца? Какво ли задоволство имаа оние што ги уништија? И што на крај добија со тоа?
Толку сме никаков народ, неодговорни, некултурни, невоспитани, злобни…
Вработените во библиотеката не ги засадија овие дрвца за нив и нивни потреби, тие беа засадени да го разубавуваат и раззеленуваат просторот и дворот на зградата, да даваат убав лик на целиот простор.
Ние бевме и ќе останеме општестено одговорни, вредни, хумани , екологисти,ќе засадиме повторно дрвца на истото место и на уште многу други места.А вие што ги унуштувате, ЗАСРАМЕТЕ СЕ од самите себе.
И немој некој да рече од невремето ги нема.Тука беа во понеделникот, ние се грижевме за нив, и се израдувавме што успеале да го победат ветрот и дождот.
Добро утро за сите освен за уништувачите и за оние што на никој или за ништо не мислат добро, се вели во објавата на ЈЛБ ,,Илинден” по повод уништувањето на засадените дрвца.
Фотографии ПРЕД И ПОТОА:
Leave a Reply