По опожарувањето на месноста Кукуље, старата урбана опрема заменета со нова

Со нова урбана опрема, заменета старата опожарена опрема на еден од најинтересните природни раритети во Делчево, познат како Скаменети сватови(Кукуље), кај селото Нов Истевник.

Како што информираа од Општината, поставени се нови дрвени клупи, маси и канти за отпадоци, со што овој импресивен природен раритет и едно од најпосетуваните излетнички места, повторно е подготвено да ги пречека своите гости, љубителите на природата.  

-Урбаната опрема која претходно беше поставена, настрада во големиот пожар кој го зафати регионот мината година во месец август. Инвестицијата во новата урбана опрема е на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот која „Проектот за уредување и означување на туристички локалитет (природна реткост) Истевнички Кукуље“ го реализираше во партнерство со Општина Делчево и ПСК Голак, истакнаа од Општината.

Во рамки на активностите, како што додадоа поставени се 3 нови информативни табли, 15 патокази и маркација со боја.  

-Овој проект претставува позитивен пример за соработка помеѓу локалната и централната власт кој ќе придонесе да се збогати туристичката понуда на Општина Делчево и во регионот, во делот на активниот и авантуристичкиот туризам, додадоа од Општина Делчево.

Претходно се уреди и локалната планинарска патека од Истевник до Разловци.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*