В четврток авионско прскање против комарци во Делчево

Закажано првото авионско прскање против комарци во Делчево. Од Општина Делчево информираа дека прскањето ќе биде изведено претстојниот четврток во раните утрински часови.
-Претстојниот четврток (07.07.2022) во периодот од 05,00 часот до 08,00 часот, на територијата на Општина Делчево ќе се спроведе авионско прскање против возрасни комарци. 

Прскањето ќе се врши со широкопојасен инсектицид одобрен од Бирото за лекови, а ќе го изврши лиценцирана фирма за авиоуслуги БОНИЕР ДООЕЛ Куманово, избрана по претходно спроведена тендерска постапка, информираа од Општина Делчево.

Третирањето ќе се изврши на површина од 300 хектари, опфаќајки го Централното градско подрачје и реони и населби во градот.

-Со третирањето ќе биде опфатена река Брегалница со притоките, Езеро „Сандански”, Река Габровчица, Звегорска Река, Чаршиски, Пустевски, Манастирски ендек и Грозданец и на потегот од с. Тработивиште- с. Вирче- Делчево. Доколку временските услови не дозволат да се изврши прскањето, тогаш тоа ќе биде спроведено во првата поволна прилика за што ќе следува дополнително известување, додадоа од Општина Делчево.

Посебно се известуваат пчеларите да ги заштитат своите  пчелни семејства  од евентуалните последици од дезинсекцијата.

Дезинсекцијата на комарците е редовна активност на Општина Делчево и е предвидена во Годишната програма на Општина Делчево за заштита на населението од заразни и други заболувања, во соработка со вработени во Одделението за инспекциски надзор при Општината. вс/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*