
ЈЛБ „Илинден“ и Делчево ќе добијат исклучителна монографија која ќе остане како аманет на следните генерации делчевци и доказ за времето кое одамна одминало.
Почитувани, „Паметници за Царево село “(црквите и манастирите во делчевско и сведоштва на царевоселци), веќе се печати.
Огромна благодарност до фамилија Арсовски за подарените вредни материјали, Советот на Оштина Делчево, Општина Делчево и Градоначалникот на општина Делчево, за поддршката и благодарност до Печатница „Студенски сервис“ и Ристовска Наташа за одличната соработка.
Наскоро оваа книга ќе биде достапна до сите нас.
ЈЛБ„Илинден“како издавач и делчевци ќе иимаат книга вредна да се прочита, вредна да се раскажува.
Наскоро, се гледаме на промоција!
Leave a Reply