
Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Делчево го заврши настапот на Меѓународниот музички и фолклорен фестивал „ДУРРЕС ФЕСТ“, кој по 12 пат од 2 до 6 јули се одржа во Драч, Албанија.
Делчевските играорци како македонски претставници се закитија со наградата за Best performance (Најдобар настап).
Како што додадоа од друштвото за споменување е и тоа што од 04.07.2022 година КУД „Гоце Делчев“ Делчево е член на WOFA WORLD FESTIVAL ASSOCIATION.
Што се однесува до фестивалот во Албанија настапија Детскиот фолклорен ансамбл и дел од младинскиот ансамбл.
Честитки за учесниците, продолжуваме понатаму со освојување на награди! Одлични ученици, чувари на традицијата, млади, убави, весели………, се вели во објавата на КУД ,,Гоце Делчев”.
Leave a Reply