Со промоција на албумот ,,Здивот на вечната љубов” отворено Делчевското културно лето

Со промоција на албумот ,,Здивот на вечната љубов” од авторката Билјана Петровска, во Делчево синоќа беше отворено годинешното Делчевско културно лето. Концертот го организираше Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков Вапцаров, и е прв од низата концерти во рамки на оваа манифестација.

-Сакам да се заблагодарам на директорот и Центарот за култура што имавме прекрасна организација на концертот кој е во рамки на промоцијата на албумот ,,Здивот на вечната љубов”. Албумот е авторски и имаше онлајн промоција на 3 јуни годинава. Исто така сакам да кажам дека албумот е инспириран од македонската народна песна прикажан во современи техники на работа, малку излезен од класичните норми, истакна авторката Петровска.

Освен Петровска која настапи на пијано, на промоцијата настапија и Марија Јакимовска, флејта, Петар Колевски, кларинет и Владимир Крстев, виолина.

Директорот на установата веќе за овој петок го најави и вториот концерт во рамки на Делчевското културно лето.

-Веќе во петок можам да најавам дека повторно имаме концерт. Ја повикувам публиката да дојде како и денес да го проследи настапот на групата Нонет, додаде Толевски.

Делчевско културно лето се реализира со поддешка на Министерството за култура.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*