ОДГОВОР на реакцијата на Општина Делчево за констатација од читател објавена на на нашата фб-страница

ОДГОВОР ! ! !

на РЕАКЦИЈАТА на Општината https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=478682314258400&id=100063499069609, а во врска со пораката на жител на село Вирче упатена до нас, објавена на 10 јули на нашата фн-страница.

“Ние редовно добиваме пораки од граѓани за одредени проблеми и истите ги објавуваме во оригинална форма. Коментарите и говорот на омраза во самата објава се дело на поединци, но тоа говори за нив самите. Нашите објави не се врзани со Општината и нити на било кој начин сме ја поврзале или сме ја посочиле Општината со било која објава во која се барало кош, стативи или слично (правиме муабет за објави кои не се поврзани со земјиште во приватна или општинска сопственост), во сите случаи во кои се барало некоја ,,ситна” работа целта ни била да поттикнеме луѓе кои се во можност да им помогнат на децата. Така беше и со игралиштето во Први Реон, каде потоа се понудија лица да направат предлог проект, така беше и со кошот во Милково Брдо, каде фирма им го направи кошот, така ќе биде и со други објави во кои од нас ќе бара да се помогне некаде.

Наша цел како портал била и ќе биде да помогнеме ако можеме, особено во однос на проблеми кај младите. Затоа потенцираме дека не сме објавиле информација која во наводници е непроверена, туку како што кажавме објавивме ,,констатација” на жител кој смета дека на дечињата им е потребно статива.

Демократско право на граѓаните е да го изразат својот став и ние тоа право доколку од нас биде побарано како медиум ќе го почитуваме како и досега.

За проблемите треба да се зборува гласно и затоа остануваме отворени за соработка и со граѓаните и со сите надлежни се со цел полесно решавање на одредени проблеми кои не се во наш домен.

Делчево365 ќе остане портал отворен за граѓаните како што тоа било и досега.

Со почит
Валери Спасевски

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*