Фондација Ице Бегов организира хуманитарен настан насловен како Небо Сино во Домот на културата во М.Каменица на 28 јули-четврток со почеток во 19 часот.
Фондацијата е основана со цел да врши хуманитарни активности, да дава поддршка и помош преку собирање средства и нивно насочување кон социјално загрозени категории на лица и семејства,маргинализирана група на граѓани и ранлива категорија на граѓани, како и лицата со попреченост.
Автентичноста на ИЦЕ БЕГОВ е поттик фондацијата да чекори по патот на мисијата на хуманост, ведар дух и добрина која во целост го отсликува неговиот лик.Токму за таа цел Фондацијата организира хумантирен настан со цел да се подигне јавната свест и сите ние да ја покажеме хуманата страна, да направиме добрина и да донираме средства кои се наменети за сензорна соба во Дневниот центар на лицата со попреченост во Македонска Каменица.
Да бидеме хумани е нашето мото!Да не дозволиме човечноста во нас да згасне!
Leave a Reply