
Се ближи месец август, период кога продолжуваат традиционалните собири на македонските иселеници, од кои дел се хуманитарни настани, дел иселенички средби, а дел од нив долгогодишни семејни традиции.
Во делчевскиот крај и селото Бигла од претходно е познато дека на почетокот на август кога се одбележува денот посветен на Св.Пантелејмон во делчевското село Бигла на задодволство на мештаните и секако на луѓето кои потекнуваат од познатото Црвенџиско маало се организира и познатата Црвенџиска Средба.
Годинава тоа ќе се случи по 14 пат, а еве како изгледа најавата за оваа семејна традиција која се одржува благодарение на иселеникот Бошко Васев, почнато како иницијатива од неговите родители Зафир и Блашка, а иницирана со цел на заедничка средба ,,Црвенџиите” да ги зачувуваат старите народни обичаи под превезот на добрата македонска музика, песна и оро.
Во продолжение линк до видеото со повеќе детали за самата традиција и средбата која на 9 август ќе се одржи во село Бигла.
ЦРВЕНЏИСКА СРЕДБА

Видео најава за средбата: https://youtube.com/shorts/VsSd6lCONJc?feature=share
Leave a Reply