
Преку јавен повик група граѓани започнуваат иницијатива за решавање на проблемот со ,,честиот” пожар, кој се уште е активен на депонијата за градежен шут ,,Ралова Чука” и кој претставува голем проблем, особено по здравјето на граѓаните од Делчево и пошироко.
“Целта на јавниот повик е да се солидаризираме сите, фирмите од градот, хумани граѓани и останати субјекти, преку донирање средства, да обезбедиме градежна механизација од локални фирми, која ќе биде искористена за да се покрие депонијата со земја, како би се спречил понатамошниот пожар. Сето тоа да се реализира во координација со надлежните и Јавното комунално претпријатие ,,Брегалница”. Благодарност до пожарникарите за нивната деноноќна интервенција, но крајно време е сите да засукаме ракави и како што самите пожарникари напоменаа во неколку наврати, пожарот да се спречи со интензивна работа на градежни машини. Во спротивно и самите сме сведоци на загрозувањето на животот во целиот град, неговата околина и природата. Апелираме на активно учество од сите стопанственици, се со цел најитно решавање на проблемот кој не засега сите нас!”, се вели во Јавниот повик.
Во продолжение видео и моменталната состојба на депонијата Ралова Чука.
Leave a Reply