Депонијата за градежен шут Ралова Чука се посипува со земја за да се спречи нов пожар

По повеќе дневна интервенција, локализиран пожарот на депонијата за градежен шут Ралова Чука во делчевското село Очипала. Пожарот до доцна синоќа го гаснеа пожарникари од ТППЕ Делчево, а како што информираше градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски кој изврши увид, по гаснењето на пожарот, на терен и понатаму остануваат екипи на делчевското комунално претпријатие, кои посипуваат земја врз депонијата, со цел елиминирање на можноста за нејзино повторно палење. 

-Повеќе денови наназад се интервенираше на Ралова Чука. И денес се работи со екипи на комуналното претпријатие, претходно со 3 противпожарни возила деноноќно интевенираше Територијалната противпожарна единица од Делчево каде скоро беа вклучени сите пожарникари. Тие истурија огромна количина вода, за да биде изгаснат пожарот, а екипи на комуналното претпријатие со багери направија заштитен појас околу целата депонија, продолжувајки денес со посипување зермја врз тој шут, за да прекине димот кој се испушта за да го заштитиме амбиенталниот воздух, рече Трајковски.  

За да се одбегнат вакви појави во иднина апелираше депонијата за градежен шут, да се користи за нејзината првична намена. 

-Апелирам на оваа депонија да се истура само градежен шут на оваа депонија, но не и друг шут, бидејки градежниот шут не може сам од себе да гори. Бидејки граѓаните истураат и комунален отпад на оваа депонија, доаѓа до хемиска реакција, која потоа се пали и со тоа, сами на себе си ја нарушуваме животната средина, додаде Трајковски. 

Пожарот кај депонијата за градежен шут Ралова Чука нема зафатено дрвна маса, што според градоначалникот на Делчево е олеснителна околност имајки го во предвид претходниот пожар кај селото Разловци во кој изгоре околу 50 хектари претежно борова и дабова дрвна маса.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*