Лејла Анакиевска е нов командир на Полициската станица од Општа надлежност Делчево

Лејла Анакиевска, вработена во полицијата со 21 годишен стаж е нов командир на Полициската станица од Општа надлежност во Делчево. Таа довербата ја доби со мнозинство гласови на 12-тата Седница на делчевскиот Сове, чии советници имаа можност да гласаат за еден од тројцата кандидати, по втората листа предложена од Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, откако првата предложена листа, на една од минатите Седници беше одбиена.

Седницата со точката за избор на командир ја пренесувавме на нашата фејсбук фан-страница во живо: https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1707400366293874&id=10006348931182)

Од Советничката група на ВМРО ДПМНЕ во знак на револт кон министерот Оливер Спасовски, за палењето на автомобил на пратеникот Ристески и не пронаоѓањето на сторителот, изјавија дека нема да гласаат за ниту еден од предложените кандидати од Спасовски на чија листа освен Анакиевска се најдоа и вработените во полицијата Илчо Дончевски и Марија Постоловска.

По изборот на новиот командир тие порачаа дека будно ќе ја следат неговата работа.

-Очекуваме новиот командир успешно да работи во интерес на намалување на малолетничката деликвенција, намалување на криминалот, во делот на подобрување на сообраќајната култура и сузбивање на појавата на опојни супстанци меѓу младите, истакнаа од ВМРО ДПМНЕ.

Образложувањето по точката на Советничката група на ВМРО ДПМНЕ во следното видео:

На денешната Седница беше разгледана и дополнителната точка за состојбата на загадувањето во река Брегалница по неодамнешниот помор на риби, кој беше пријавен од спортските рибиловци во Делчево. По однос на оваа точка, советниците донесоа препораки, кои ќе бидат доставени до општинскиот инспекторат за животна средина.

Видео линк за втората точка: https://www.facebook.com/delcevo365.mk/videos/1101952307408509/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*