Пред 32 години на денешен ден формиран Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ – Делчево

Пред 32 години формиран Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ – Делчево. По тој повод видео обраќање имаше актуелниот претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Делчево, Иван Гоцевски кој рече:.

-Низ сите овие 32 години, низ комитетот поминале многу луѓе, многу членови кои допринеле со своето знаење, искуство и желба за подобрување на функционирањето на партијата и државата. Комитетот добивал и губел многу битки, но најважно е секогаш што покажувал желба, истрајност и цврстина, сплотен во идејата за добивање на вековната борба која е аманет од нашите предци.

Најголемиот успех на партијата во овие 32 години е што остана нераскинлив дел од народот, кој е нејзина најголема водечка сила и што ВМРО-ДПМНЕ има план како да ја развива Македонија и да ја направи посилна.

Како Претседател на ОК ВМРО- ДПМНЕ Делчево им се заблагодарувам на сите досегашни Претседатели и членови на ОК ВМРО-ДПМНЕ, на поранешните и сегашни членови на месните комитети за почитувањето на идеологијата и за победите кои ги остварува партијата, за следењето на принципите на ВМРО-ДПМНЕ и за несебичното посветено и одговорно однесување.

На Унијата на жени, на Унијата на млади сили, на Советот на ветерани и на Патриотскиот институт како неразделни делови на партијата.

Сакам да се заблагодарам и на секој граѓанин за вреднувањето на ова што го работиме и за довербата што ни ја даваат да се бориме со ова зло. Тоа е нашата енергија, народот е нашата енергија. Нашите успеси се заеднички, а кога се заеднички, успесите се и поголеми. Да ги охрабрам и оние кои не критикуваат, да ни се придружат, да си ја сочуваме и одбраниме нашата МАКЕДОНИЈА и нашето ДЕЛЧЕВО.

Идејата на ВМРО-ДПМНЕ тогаш и сега, а ве уверувам и во иднина ќе биде, МАКЕДОНИЈА. Мојата иднина е Македонија и со сите сили ќе се борам за неа, заедно со сите вас.

Како што вели апостолот на македонска борба за слобода, Гоце Делчев, „Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?“

Тие негови зборови се ѕвездата водилка на секој чесен и искрен Македонец повеќе од еден век наназад.

Нека ни е вечно Делчево!

Нека е вечно и вековито ВМРО-ДПМНЕ при ОК Делчево!

Нека е вечна и вековита идејата за Македонија!

Нека е вечна и вековита Македонија!

Нека е вековит денешниот ден, роденденот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Делчево!🇲🇰🇲🇰🇲🇰

По овој повод сакам од мое име и од името на ОК ВМРО-ДПМНЕ Делчево да ги поканам сите членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ и сите жители на Општина Делчево на мини трибина на 29.07.2022( петок) од 19:00 часот во Општинскиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ Во Делчево, истакна Гоцевски во видео обраќањето по повод роденденот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Делчево.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0dgHriLopVVQjT3PC51ukTTRdbASTc5WWBBvesTPwuNYyqU3DRY7s9P4yQ5de9UcKl&id=100000531543307

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*