Заврши изградбата на дел од улица „Грозданец“ во населбата Стар Расадник

Заврши изградбата на дел од улица „Грозданец“ во населбата Стар Расадник. Се асфалтираа 200 метри од улицата која беше една од најнепроодните улици и сериозен проблем по безбедноста на возачите и жителите, поради конфигурацијата на теренот.

Општината одговара на барањата на граѓаните и реагира за решавање на нивните приоритети, согласно со можностите на општината.

Изградбата на оваа улица е дел од инфраструктурниот пакет за изградба на улици финансиран од Буџетот на Општина Делчево во износ од 12 милиони денари. Во рамките на овој пакет инфраструктурни проекти, се асфалтираше и пристапната улица на „Кеј на Брегалница“, а во првата фаза ќе се работи и на изградба на потпорен ѕид на ул. „Маршал Тито“ и потпорен ѕид на ул. „Острец“ во должина од 33 метри, а започнати се работите и за изградба на две улици во населба Басарица со вкупна должина од околу 100 м.

Изведувач на работите за изградба на општински улици е ОСД „Кирил“ од Скопје.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*