Одлично претставување на Копачка на ,,Илинденски денови” во Битола

Учеството на овој фестивал започна со генералната проба на сцената во Ракометното игралиште. Доцна попладне се одвиваше гламурозното дефиле низ Битолската Баш чаршија, со сите учесниците во програмата за таа вечер. Потоа следеше настапот на сцената. Ние настапивме трети по ред а точките со кои се претставивме беа: Изворната пијанечка песна „Седела Јана“ во изведба на Рајна Ивановска, Цвета Геогиевска и Перса Стојановска; потоа следеше Обичајот „Попрелка“ и изведба на ората „Ситно“ и „Копачка“ во изведба на жените во придружба на тамбурата на Мирко Симоновски. Инструменталистите на тапани Адријан Стаменовски, Николче Петровски и Ана Алексовска направија езгија на тапани со ритмите на пијанечкиот изворен фолклор, за потоа да ги иступаат ората „Ситно“ и „Копачката“ а машкиот дел на Групата да ги изиграат.

Настапот беше проследен со бурен аплауз особено во делот на изведбата на светското културно наследство орото „Копачката“ заштитено од УНЕСКО, зпишано во Репрезентативната листа за нематеријални културни наследства на човештвото.

Нашите иструменталисти ја продолжија својата мисија и настапија на пропратната манифестација „Ехо на дамарите“ или „Од корените до цветот“, кој годинава за прв пат се одржа на платото пред стариот Официрски дом, наместо пред Магазата, како претходните години. Публиката и овде не ги штедеше своите дланки и ги награди со бурен аплуз нашите претставици, информираше Перса Стојановска, претседател на ЗФГ ,,Копачка” с.Драмче, Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*