
Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Делчево Иван Гоцевски ја информира јавноста дека ОК ВМРО ДПМНЕ нема да учествува на најавената општинска прослава на најголемиот македонски празник Илинден. Како револт на како што рече анационалните и антимакедонски политики на СДСМ, кажа дека ОК ВМРО-ДПМНЕ Делчево ќе реализира посебен настан на одбележување на ИЛИНДЕН.
-Секој еден кој што се чувствува доследен следбеник на делата на славните ИЛИНДЕНЦИ и АСНОМЦИ, го повикуваме да Ни се приклучи на овој настан.
НЕ за уништување на Македонија!
НЕ за предавствата на македонските интереси!
НЕ за сите кои не и мислат добро на Македонија!
НЕ за сите кои не ја почитуваат борбата за Македонија на ИЛИНДЕНЦИТЕ и АСНОМЦИТЕ! Во чест и слава на ИЛИНДЕН, истакна во видео обраќањето претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Делчево.
Одбележувањето на Илинден, членовите и симпатизерите на партијата го најавија пред Споменик на македонскиот великан Гоце Делчев во Делчево на 2 Август 2022 со почеток во 09:30 часот.
Leave a Reply