
На манастирско-туристичкиот комплекс ”Еленец”, село Цера, традиционално секоја година во месец Август се организира манифестацијата Ден на дијаспората, манифестација подржана од нашите иселеници надвор од границите на Република Македонија.
Манифестацијата е во организација на КИЦ ”Романса”Македонска Каменица, Општина Македонска Каменица и здружението на граѓани при манастирскиот комплекс Еленец од село Цера.
Оваа година на манифестацијата ке настапи еден од познатите фолк пеачи Дарко Билбиловски и локалниот бенд Актив бенд.
Манифестацијата Ден на Дијаспората ќе се одржи на ден сабота 13.08.2022 година со почеток од 11 часот.


Leave a Reply